Сопственикот на овој ВЕБ сајт, ​SATELIT PREMIUM GROUP Белград, посветен е на заштитата и почитувањето на Вашата приватност. Многу ни е важно да Ви обезбедиме услови за да го користите овој ВЕБ сајт без грижа дека на било кој начин ќе ја доведете во прашање Вашата приватност. За да ја заштитиме колку што можеме подобро Вашата приватност, Ви ја приложуваме оваа изјава во која се наведуваат начините на кои ги користиме податоците добиени онлајн. Исто така, Вие можете да донесувате одлуки за начинот на кој се собираат податоци за Вас, а потоа да ги користите на нашиот ВЕБ портал. ​​

СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ  На некои страници од овој ВЕБ портал можете да се пријавите на нашите онлајн билтени, или да не контактирате преку сајтот заради добивање на одредени информации. Личните податоци кои се поврзани со идентитетот на одредено лице и кои можат да се соберат на овие страници вклучуваат: име, пол, е-пошта адреса … 
На одредени делови од некои наши ВЕБ страници, само лицата што ни ги даваат бараните податоци кои ги идентификуваат, или лицата кои експлицитно ги прифаќаат поставените услови за пристап кон тие страници, ќе бидат во можност да пристапат кон тие страници. ​​

КАКО ГИ КОРИСТИМЕ ВАШИТЕ ПОДАТОЦИ Податоците што ќе ни ги дадете за себе, можеме да ги користиме за исполнување на Вашите барања во врска со нашите производи и услуги, потоа да одговориме на Вашите прашања за нашите производи и услуги и да Ви овозможиме повеќе информации за нашите производи и услуги, вклучувајќи испраќање на периодични информации преку е-пошта. Личните податоци добиени преку овој ВЕБ сајт можеме да ги користиме за праќање на информации во врска со нашите производи и услуги објавени на некој друг ВЕБ сајт кој е во наша сопственост, водејќи сметка таа информација да Ви користи. Собраните податоци кои не се поврзани со идентитетот на одредено лице ги користиме за да ги подобриме дизајнот и содржините на нашите ВЕБ страници. Тие податоци ни овозможуваат да го персонализираме Вашето користење на Интернетот. Тие податоци во целост можеме да ги користиме за да го анализираме користењето на нашиот ВЕБ портал.  Податоците кои се поврзани со идентитетот на одредено лице можеме да ги откриеме како одговор на правниот процес, судски налог или судски повик.  Иако преземаме соодветни мерки за да се обезбедиме од неовластено откривање на податоци, не можеме да гарантираме дека собраните податоци кои се поврзани со идентитетот на одреденото лице никогаш нема да бидат откриени на начинот кој е спротивен на оваа Изјава за заштита на приватноста. 
Конечно, податоците кои се поврзани со идентитетот на одредено лице нема да ги користиме, или пренесуваме доколку не се добиени на начините кои што се наведени, а да не Ви понудиме можност да се оградите од таквото користење. ​​


СОБИРАЊЕ НА ПОДАТОЦИ  ОД ВЕБ СТРАНИЦИТЕ НА ТРЕТИ ЛИЦА  Некои од страниците на овој ВЕБ сајт содржат линкови од други ВЕБ страници, чие постапување со податоците може да се разликува од нашето. Посетителите треба да ги прочитаат останатите Изјави за заштита на приватноста, со оглед на тоа дека ние немаме контрола над податоците кои се предадени, или кои ги собрале трети лица.  Некои од страниците на нашиот ВЕБ портал може да користат реномирана трета страна да претставува, или нуди реклами, кои можете да ги видите на тие ВЕБ страници. Нашата изјава за заштита на приватноста не го покрива користењето на податоците кои трето лице или сервер може да ги собере од Вас. ​​

КОЛАЧИЊА (COOKIES) 

За да го подобриме Вашето искуство на нашите ВЕБ страници, некои наши ВЕБ страници користат тнр. «колачиња». Колачињата се текстуални датотеки кои ги сместуваме во Вашиот пребарувач за да ги сочуваме Вашите интереси. Самите колачиња не ни ги откриваат Вашата е-пошта адреса ниту пак било кој друг податок  кој е поврзан со идентитетот на одреденото лице, доколку Вие самите не одлучите да ни го дадете тој податок, на пример така да се регистрирате на некоја од страниците на нашиот ВЕБ портал. Меѓутоа, кога ќе одлучите да ги дадете податоците на ВЕБ страницата кои се поврзани со идентитетот на одредено лице, тој податок може да се поврзе со податоците сочувани во колачето.  Колачињата ги користиме поради собирање на податоци за користењето на нашите страници (статистика) и поради подобрување на содржината и понудите на нашиот ВЕБ портал. На пример, колачињата можеме да ги користиме за да го прилагодиме за Вас користењето на нашите ВЕБ страници (да Ве препознаеме по името кога ќе се вратите на нашиот веб портал), да ја сочуваме Вашата лозинка во подрачјата заштитени со лозинка и сл. 
Вие можете да ја спречите – оневозможите употребата на колачиња, со прилагодување на Вашиот интернет пребарувач за таа опција. Меѓутоа, во тој случај возможно е да се лишите од можноста за користење на интерактивни содржини на нашиот ВЕБ портал.​​

OДРЖУВАЊЕ НА БЕЗБЕДНОСТА Вашите лични податоци се тајни и може да се користат само поради исполнување на Вашите барања, па се обврзуваме, дека освен за законски истраги, на други страни нема да им ги дадеме податоците што сме ги собрале.  Преземавме соодветни физички, електронски и управни чекори за да обезбедиме и помогнеме да се спречи неовластен пристап, да ја сочуваме безбедноста на податоците, и правилно да ги користиме податоците кои ги собираме онлајн.  Покрај тоа секој податок што ќе ни го дадете доброволно ќе биде употребен само за целта за која е даден.​​

ДОВЕРЛИВОСТ НА КОМУНИКАЦИЈАТА ПОМЕЃУ КОРИСНИЦИТЕ  Пораките и содржините кои ги праќаат корисниците на било кој тнр. онлајн форум, „message board“ (огласна табла), или „chat room“ (соба за разговор), не се заштитени како доверливи и може да им бидат достапни на другите. Вие сте одговорни за содржината која ја изнесувате и морате да постапувате внимателно за да не ја доведете во прашање Вашата приватност.​​

МАЛОЛЕТНИ КОРИСНИЦИ

Корисниците на возраст под 18 години, не треба да ни ги доставуваат своите лични податоци, освен ако за тоа немаат согласност од родителите или старателите.​​

ИЗМЕНИ НА ПРАВИЛАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА  Сопственикот на ВЕБ порталот го задржува правото за промена на овие правила, а измените влегуваат во сила со нивното објавување на овој портал. Вашето користење на ВЕБ порталот по промената значи дека се согласувате и ги прифаќате истите.​​

КАКО ДА НЕ КОНТАКТИРАТЕ  Доколку имате било какви прашања или проблеми за заштитата на ВЕБ сајтот, или за спроведување на заштитата, можете да не контактирате преку е-пошта или преку контакт формуларот.

Добредојдовте на нашиот сајт! За да можеме страницата да Ви ја прикажеме на оптимален начин, ние користиме колачиња. Доколку не го прифатите користењето на колачиња, некои делови од сајтот можеби нема да Ви бидат добро прикажани. Со понатамошното користење на страницата изјавувате дека се согласувате со употреба на колачињата.
Повеќе информации Прифаќам Oдбивам